ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ПАЗАРОТ

Денеска почнува да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола. Вкупната вредност на работите изнесува 50.248.059 денари. Рокот на изведба е една година. Тезгите се дислоцирани на паркингот спроти Бифе скара „Пармак“. „ЈКП „Дервен“ треба да склучи договор со фирмата избрана на тендер за набавка на…

СО ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ – НОВИ ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ ВО ВЕЛЕС

Во соработка со Агенцијата за филм, Општина Велес деновиве работи на подготовка на проекции на филмови во кино салата „Бели Мугри“. На  денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста дека  во овој момент, компанијата АВЦ ГРОУП ДОО Скопје која ја набави и инсталираше опремата прави проверка на дигиталната опрема  бидејќи од нејзиното инсталирање…

ОДРЕДЕНИ ЛОКАЦИИ ЗА УШТЕ 22 ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

На последната седница на Советот на Општина Велес донесена е одлука за одредување на нови 22 локации за поставување на подземни контејнери во Велес, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Сметаме дека со поставувањето на подземните контејнери значително се  подобри сликата со управувањето со отпадот и јавната чистота на локациите каде се поставени и…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19

Од страна на германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ Општина Велес е избрана да учествува во меѓународниот проект „Развој на решенија за закрепнување од КОВИД 19 на општинско ниво во областа на дигитализација и управување со кризи“, истакна Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Општина Велес успешно го помина процесот на апликација и селекција…

КОВИД СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше за ковид состојбата во Велес. Во Општа болница Велес моментално  хоспитализирани се вкупно 69 пациенти и тоа 37 на инфективно одделение, 7 пациенти на интерно одделение и 25 пациенти во модуларната болница. Од овие пациенти 48 се потврдени позитивни на Ковид 19, осумнаесет се негативни на вирусот но…

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Во недела на 19 септември ќе се одржи осмиот по ред велешки пливачки маратон, најави денеска на прес конференција Градоначалникот Коцевски. Организатор на традиционалниот маратонот е „Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28„ а ќе се реализира со техничка поддршка на Општина Велес, ОО на Црвен крст од Велес , и на Кајак клубот „Бабуна.…

СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИ ТУРИЗАМ КРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Денеска покрај езерото Младост пристигнаа 20 електрични велосипеди за развој на велосипедскиот туризам. Велосипедите се обезбедени во рамките на подпроектот „Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија“, со финансиска поддршка од ЕУ. Подпроектот е раководен од Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност под надлежност на Вицепремиерот за економски…

Едукативна работилница за најмладите во ОЈУДГ „Димче Мирчев”

Општина Велес од 16-22 септември 2021 ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на седумдневни активности. Првата активност се реализираше денес во ОЈУДГ „Димче Мирчев” каде се одржа едукативно – интерактивна работилница за децата од објект 2 „Сонце”. Се организираше драмска игра со сценарио на темата „Здравствени придобивки за децата од возење велосипед и…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2021

Општина Велес и оваа година ја одбележува Европската недела на мобилност. Во периодот од 16 до 22 септември, во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании, тим од Општина Велес реализира по една активност секој ден, со што ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2021. Драматизација, едукативни и интерактивни…

Утврдени места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати

Врз основа на член 78 од Изборен законик („Службен весник на РМ” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21) и член 50, став 1, точка 16 од…