НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.

Авионско прскање, против комарци во Општина Велес

Почитувани, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес…

ПРОЛЕТНИ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ

Денеска, 5 мај, е последниот ден кога граѓаните на Општина Велес можат да пријават габаритен отпад во ЈКП „Дервен“ . Пролетната акција за собирање на ваков отпад ќе се спроведе од 06 до 08 мај. Потребата за собирање на габаритен отпад од нивните домови треба да се пријави на следниот телефонски број: 075/303-168 до 15:00…

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СО РЕДОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од 06 мај 2021 година (четврток), општинската администрација ќе започне да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот. Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НА МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Јазикот е нашата Татковина, нашето минато, сегашност и иднина. Со јазикот што го зборуваме се идентификуваме и издвојуваме како народ со своја историја и визија. Токму затоа, секој од нас кој живее на ова парче земја, но и сите  други ширум светот, чиј мајчин јазик е македонскиот, треба да го негува,…

118 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Денес се одбележуваат 118 години од смрта на Гоце Делчев. Тој е еден од најистакнати македонски национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Деец е на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Сеќавањето на годишнината од смртта на…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА „ОРЦЕ МАРТИНОВ”

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од утре, 5 мај 2021 година (среда) ќе започне со градежни работи со кои ќе се реконструира водоводна линија на улица „Орце Мартинов”. Градежните работи опфаќаат поставување на ПЕ цевки Ф110/10 бари, во должина од околу 400м2. Исто така ќе се изведат 44 нови попречни приклучоци, две водоводни…

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА, ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

По повод Велигден, градоначалникот Коцевски оствари средба со претставници на Повардарска епархија, Протаереј-ставрофор Славе Јованов и  Парохискиот свештеник Јованче Илиев, во име на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.  На средбата се разговараше за значењето и одбележувањето на овој голем христијански празник во храмовите во услови на светска пандемија со Ковид 19. Свештениците и градоначалникот Коцевски изразија…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“ Скопје, на 07. 08. и 09. мај ќе се одржи акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во повеќе општини во државата. Организаторот има цел за секои 10 килограми собран отпад да биде засадено по едно дрво и да…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Почитувани, Во име на жителите на Општина Велес од сите заедници, на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на граѓанките и граѓаните од православна вероисповед им го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово, Велигден. На овој празник над празниците, кога се слави победата на животот над смртта, да ги надминеме сите искушенија…