Во фабриката за вода – нов озонатор вреден 240 илјади евра

Денеска во Филтер станицата, ДЕ НОРА ТПФ 37, ЈКП „Дервен“ го пушти во употреба новиот генератор за производство на озон вреден 14.750.000 денари или 240.000 евра. Тој ќе го земени сегашниот дотраен стар озонатор кој се користи од 1991 година.  Во изминатиов период претпријатието не располагаше со резервен озонатор, а постоечкиот беше во лоша состојба…

Објава број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОБЈАВА број 2 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со: Урбанистички план за вон населено место за стопански комплекс, со класа на…

Безбедни во сообраќајот – Акција на локалниот совет за превенција

Изминативе денови Локалниот совет за превенција од детско престапништво излезе на градските улици во соработка со СВР и спроведе акција во рамките на планираните активности од својата годишната програма. Имено, тимови на членови од Советот реализираа теренска акција за превенција од прекршување на законската обврска за носење на заштитни шлемови кај возачите кои управуваат со…

Младите можат и во Велес

„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ е пристапот кон младинските проблеми по кој здружението „Младите можат“ од Скопје го имплементираше проектот „Младински локални иницијативи“ во Велес и во Кочани во изминатата година. Во рамките на овој проект група од десетина млади луѓе- средношколци наречени „Младинска локална инцијатива во Велес“ извршија анкета во Општина Велес за учеството…

Јавен конкурс за изработка на ликовни творби на тема: „Велес во кој сакам да живеам“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира детското ликовно творештво, да се поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од основните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални ликовни творби кои претходно не се објавувани и…

Јавен конкурс за изработка на видео запис на тема: „Велес низ мојот објектив“

Цел на конкурсот: Конкурсот се распишува со цел да се стимулира и поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Услови: 1.Право на учество имаат сите ученици од средните училишта од Општина Велес. (Темата треба да е претставена со оргинални видео записи, кои претходно не се објавувани и не учествувале на други…

Кој е најпрепознатливиот бренд на Велес?

Спомен костурницата, велешката пита, Пешти, Велес паметен град, Саат кулата,, езерото Младост се дел од идеите за туристички потенцијали кои граѓаните на Општина Велес ги идентификуваа, а според нив претставуваат препознатлив туристички бренд за Велес и истите ги предложија на форумот кој денес се одржа во просториите на Општина Велес како дел од проектот „Велес инспирира…

Ликовен инклузивен караван

Почитувани, Ве известуваме дека вечер во локалната библиотека „ Гоце Делчев“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи промоција на делата од Ликовен инклузивен караван на кој учествуваа ученици со попреченост и талентирани ученици од општинските основни училишта. На настнот ќе биде промовиран и каталог со делата изработени од вештите раце на нашите млади…

Велешки иницијативи за еднакви можности и родова еднаквост

Во рамките на проектната соработка на Општина Велес со Фондацијата „Жена за жена“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) од Шведска и Организација на жените на Општина Свети Николе, денес, под модераторство на координаторката за ЕМЖМ и менторката Благица Кирова во Општина се организираше фокус група со претставнички од повеќе граѓански организации од градот. Целта е…

Честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Храброто минато на Велес нè учи и поттикнува сите нас да размислуваме за иднината, за европската иднина и споделувањето на универзалните вредности без разлика на меѓусебните различности кои се…