Водата од природната чешма во Башино село е исправна за пиење. Последните анализи  на Центарот за јавно здравје во Велес покажуваат дека физичко-хемиските својства на водата се во рамките на дозволените параметри и согласно прописите за безбедност водата е дозволена за употреба.

Водата во река Бабуна е бактериолошки неисправна и не е дозволена за капење, рекреација и наводнување на земјоделските површини, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје, направени на мостри земени од мерно место Плажа 1. Водата од реката спаѓа во 3-та класа по бактериска контаминација, а во однос на другите параметри е во 2-ра и во 1-ва класа.

.

Општина Велес

 

Во прилог: Извештај за вода за пиење (линк)

Извештај од водите во река Бабуна (линк)