ИЗВЕСТУВАЊЕ

На 21 октомври 2026 година (среда) ќе се врши бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на улиците „Раштански пат“ и „Луј Пастер“ – од влезот на фабриката „Брако“ па се до Ветеринарната станица. Затоа овие делници, во одреден период од денот ќе бидат затворени за секаков вид на сообраќај. Општина Велес со апел до учесниците во…

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22, 03/25), Градоначалникот на Општина  Велес донесе:   Одлука за спроведување на стратегиска оцена  …

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ПОДГОТОВКАТА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ПЕРИОДОТ 2027–2031 ГОДИНА

Општина Велес започна процес на подготовка на Стратегијата за локален економски развој за периодот 2027–2031 година, со цел да се утврдат приоритетите, потребите и можностите за одржлив економски развој на општината во наредните пет години. Процесот се спроведува на отворен и транспарентен начин, со активно вклучување на сите релевантни засегнати страни и граѓани, чии ставови,…

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОЕФИКАСНО И ПОБЕЗБЕДНО ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ ВО ВЕЛЕС

Ново ефикасно средство беше презентирано во Територијалната противпожарна единица Велес. Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7 кое е набавено за потребите на противпожарната единица. Оваа иновативна технологија овозоможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значителна помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење. Средството има широка примена при пожари на…

ЕДНОКРАТНАТА ПАРИЧНА ПОМОШ ЌЕ ПРИСТИГНЕ НА СМЕТКИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ ПРВАЧИЊА

Општина Велес ќе додели еднократна парична помош за родителите на првачињата во Велес. По прибирањето на потребните податоци и завршената административна проверка и обработка, средствата ќе бидат исплатени на сметките на родителите. За оваа намена, од буџетот на Општина Велес се издвоени вкупно 1.276.539 денари, како финансиска поддршка за семејствата и олеснување на трошоците поврзани…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО МАМУТЧЕВО

Продолжуваат градежните активности во Мамутчево. По целосно реконструирање и асфалтирање на коловозот, во тек е уредувањето на тротоарите на влезот во селото. Со оваа фаза, Општина Велес продолжува да ја подобрува патната инфраструктура во руралните средини, обезбедувајќи побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.  

УЧЕНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСКИТЕ СТРУКИ ЌЕ УЧАТ ОД ВРВНИ СВЕТСКИ ШЕФОВИ

Во рамки на гастрономската недела во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес, се одржа прес конференција со реномирани шефови од меѓународната гастрономска сцена кои деновиве ќе одржат теоретска и практична настава со учениците од угостителските струки, за да ги запознаат со современите кулинарски техники, професионалните стандарди и да им пренесат искуства од светската гастрономија. Учениците…

„ДИПЛОМАТСКО КОТЛЕ“ ВО ВЕЛЕС – ВКУСОВИ ШТО ОБЕДИНУВААТ, ПРИЈАТЕЛСТВА БЕЗ ГРАНИЦИ

Велес вчера беше домаќин на уште еден несекојдневен настан. Во прекрасниот амбиент на Еко кампот на езеро Младост се одржа „Дипломатско котле“ , настан на кој учествуваа врвни мастер-шефови од целиот свет, претставници на Гасто Мак како и ученици од ДСУ РЦСОО Коле Неделковски кои во присуство на десетина амбасадори приредија вистински моменти за уживање.…

ПИТИЈАДА 2026 – ТРИ ДЕНА ЗАБАВА, ТРАДИЦИЈА И НЕЗАБОРАВНИ ВКУСОВИ

Заврши уште една спектакуларна Питијада во Велес. Три дена градот пулсираше во ритамот на музиката, добрата забава со илјадниците посетители и секако со мирисот на вкусната пита пастрмајлија. Гости од цела Македонија дојдоа вистински да уживаат во позитивната празнична атмосфера што ја приредија бројните музички гости, но и да ја вкусат најдобрата пита пастрмајлија на…

ВЕЛЕС ГО ЧЕСТВУВА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

11 Октомври – Ден на народното востание – празник на слободата, храброста и непокорот. На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ го крена гласот против фашистичкиот окупатор, започнувајќи ја борбата за слобода, правда и национално достоинство. Денес, 85 години од Народното востание, со длабока почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливoста на нашите предци…