Денеска во посета на Општина Велес беше дваесет и две годишниот Игор Јорданов кој на големиот христијански празник Богојавление Водици прв стигна до Светиот крст во водите на реката Вардар и беше најсреќен меѓу деведесетината учесници. Тој разговараше со градоначалникот Колев за неговата желба да биде дел од групата велешани кои беа дел од чинот на осветување на водите, за неговите планови и желби за во иднина.