Општина Велес доби 16 лаптоп компјутери, донација од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежата на асоцијација на локални власти од ЈИЕ.  Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на ученици од социјално ранливи семејства. Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“. Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за примена на социјални пристапи со крајна цел социјална инклузија на ранливите групи.

Покрај лаптоп комјутерите, учениците ќе добијат и обука за дигитална писменост од страна на експерти.

Освен Општина Велес, лаптоп компјутери добија уште општините Битола и Штип.

Општина Велес упатува голема благодарност до Зедницата на единиците на локалната самоуправа за донацијата која во голема мера ќе им го олесни образованието на учениците од социјално ранливите семејства.