Се известуваат граѓаните на Велес дека 21 Седница на Совет на Општина Велес ќе се одржи на 29.09.2022 година, четврток, со почеток во 09:00 часот во Електронската сала на Општина Велес. На Дневен ред на 21 Седница на Советот се 24 точки.

Седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 21 седница ќе се одржат на 28.09.2022 година, среда, во Електронската сала и тоа Комисијата за финансирање, Буџет и локален економски развој со почеток во 09:00 часот, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина со почеток во 11:00 часот, Комисијата за Статут и прописи во 14:00 часот, Комисијата за мандатни прашања избор и именувања во 10:45 часот.

Седниците на Комисиите, исто како седницата на Советот, можат да се следат во живо на официјалниот јутјуб канал на Општина Велес.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.