ПОМОШНОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ГРАДСКИ ПАРК ДОБИВА НОВ ЛИК!

Култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно, целосно ќе се реконструира. По завршување на сите подготвителни активности ова игралиште ќе добие целосно нов лик со современа подлога по што граѓаните ќе добијат уште едно катче за спорт и рекреација. Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето на сите нас! Продолжуваме посветено!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Регионалниот пат кон езеро Младост ќе се асфалтира. Заради непречено одвивање на градежните работи патот е затворен и сообраќајот е пренасочен по автопатот од каде може да се стигне до туристичките капацитети и рестораните покрај езерото. Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел градежните работи да се реализираат непречено и во предвидениот…