Регионалниот пат кон езеро Младост ќе се асфалтира. Заради непречено одвивање на градежните работи патот е затворен и сообраќајот е пренасочен по автопатот од каде може да се стигне до туристичките капацитети и рестораните покрај езерото.

Се замолуваат граѓаните да покажат разбирање и трпение со цел градежните работи да се реализираат непречено и во предвидениот рок.