Почитувани,

 

Општина Велес организира јавна расправа во врска со Студија за Оценка на влијание врз животната средина и социјалните аспекти  (ОВЖССА) за проектот за изградба на гасоводна делница св.Николе-Велес во должина од 28 км, која ќе се одржи на  ден 10.03.2023 год. (петок), со почеток во 10.00 часот, во просториите на Општина Велес (голема сала).

Проектот e дел од многу поширока програма за гасификација на Република Северна Македонија, a ќе обезбеди природен гас за три општини: Свети Николе, Лозово и Велес со вкупно население од околу 70.000 луѓе.

Целта на оваа ОВЖССА е да ги оцени потенцијалните корисни и негативни еколошки и социо-економски влијанија кои можат да произлезат од Проектот и неговите придружни објекти во сите фази од неговиот животен циклус, да се развијат мерки за ублажување, да се оценат преостанатите влијанија по примена на мерките за ублажување и да се следат истите.

Проектот е подржан од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР), а усогласен со Националната Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година.

Студијата за Оценка на влијание врз животната средина и социјалните аспекти со прилозите е објавена и може да се превземе од веб страницата на Општина Велес www.veles.gov.mk

Се надеваме дека со Вашето активно учество во расправата лично ќе придонесете за полесно спроведување и реализација на проектот.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев