Во рамки на Програмата за активности на Општина Велес во областа на културата и меѓународната соработка и годинава ќе се реализира манифестацијата „Фестивал на џез, ворлд и современа музика“ на која ќе настапат бројни музички групи. Второто издание на овој фестивал ќе се реализира во септември во организација на Здружение за култура, уметност и млади „Арт Генератор“ од Велес. За содржината на фестивалот наскоро ќе бидат објавени дополнителни информации на официјалниот веб портал на Општина Велес.