РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“
Започнаа градежните работи околу реконструкцијата на водоводната мрежа на вториот дел од улицата „Белградска“. Во тек е промената на старата дотрајана водоводна мрежа со нова. Во наредниот период ќе се изведат два потпорни ѕида на овој дел како и сите останати подготвителни зафати пред асфалтирање на улицата.




