Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19, 14/20….208/24), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес бр.01-1837/1 од 20.03.2025 година, Градоначалник на Општина Велес, донесе
О Д Л У К А
за избор на кандидат за административен службеник
по пат на унапредување
1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител за работно место: Виш соработник за евроинтеграции и грантови – УПР 01 01В02 000 во Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој:
- Фросина Маџарова
- Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста на оваа Одлука на избраниот кандидат ќе му се издаде решение за унапредување на административен службеник.
- Одлуката за избор се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата на општината.
О б р а з л о ж е н и е
Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:
Виш соработник за евроинтеграции и грантови – 1 извршител.
Интерниот оглас беше објавен на веб страната на Општина Велес на ден 30.06.2025 година. Од страна на посебно формирана Комисија, во просториите на Агенција за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1(еден) кандидат, кој ги исполнува општите услови за прием на административни службеници, согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес, по пат на унапредување.
Комисијата за селекција спроведе административна селекција со Записникот бр. 04-3375/9 од 21.07.2025 година, спроведе интервју со Записникот за спроведено интервју бр. 04-3375/10 од 21.07.2025 година. Од страна на Комисијата за селекција изготвена е финална ранг листа со предлог одлука за избор и му предлага на Градоначалник на општината да изврши избор на прво рангираниот кандидат.
Врз основа на изнесеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.
Правна поука: Против Одлуката, има право на жалба до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата на институцијата.


