Од среда, 07.12.2022 година, ќе започне изградбата на потпорен ѕид на улица „Киро Ќучук“ на куќен број 61. Со изградбата на ѕидот ќе се создадат услови за реконструкција на дел од улицата, на потегот од раскрсницата со улица „Белградска“ до објект  со број 63 на улицата „Киро Ќучук“, во должина од околу 135 метри.

Поради условите на терен, тесна улица, како и поради користење и ангажирање на градежна механизација-машина и транспортно средство, сообраќајот на улицата ќе биде стопиран.

Како алтернативни траси за сообраќај се препорачуваат улиците  „Петре Милевски“, „Славе Ефтовски“, „Стеван Бобев“ до спој со улицата „Тодор Јанев“.

На местото на изведувањето на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно и непречено изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.