На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека  следнатa седница на Советот на Општина Велес ќе се одржи по електронски пат.

„Владата на РСМ донесе уредба со која се дава можност на градоначалникот да побара свикување на вонредна седница на Советот на општината, како и можност Советот да заседава по електронски пат. Следната седница ќе ја одржиме на овој начин благодарение на поддршката од ‘Македонски телекомуникации’ кои без надоместок за користење ни позајмија платформа на која конференциски истовремено можат да се вклучат до сто луѓе”, изјави Коцевски.