Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-4221/81 од 08.11.2021 г.,
Подносител на барањето:
Друштво за производство и трговија “МАРГО-БРАН” ДОО Велес за инсталација за интензивно свињарство, со капацитет од 40 места за маторици со 400 прасиња до 25 кг и 300 товеници до 100 кг
Адреса:
ул.Димитар Андонов Папрадишки бр.143, Велес,
Локација на инсталацијата:
ул.Димитар Андонов Папрадишки бр.143, Велес
на КП 1618/3 КО Башино село, Општина Велес
Контакт лице:
Горанчо Ангеловски – управител на инсталацијата,
тел: 075/261-077
Категорија на инсталација:
Точка 6. Подточка 6.6. Инсталација за интензивно свињарство со капацитет oд:
(б) 100 до 2.000 места за гоење свињи (над 30 кг); или
(в) 50 до 750 места за маторици.
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 043/232-406, секој работен ден од 08.00-15.00 часот.