Локалната библиотека „Гоце Делчев“, во соработка со волонтерите на Мировниот корпус кои живеат во Велес и оваа година ја продолжува реализацијата на проектот за изведување на бесплатни конверзациски часови по англиски јазик наменети за граѓаните на Велес.
Преку неформално учење и вклучување во различни активности, во група составена од луѓе од повеќе возрасти, во релаксирана атмосфера, посетителите обработуваат различни теми, а часовите ги води Гарет Пост (Garret Poste), волонтер од Соединетите Американски Држави, кој повеќе од една година живее во Велес.
„Помогнете им на мотивираните луѓе во заедницата да ги подобрат постојните вештини за англиски јазик кои ќе им бидат корисни за нивните лични или професионални потреби” изјави волонтерот Пост, објаснувајќи ја главната идеја на овие работилници. „Од она што го забележав за време на првиот час, групата е многу мотивирана и заинтересирана за ваков тип на учење”, додава тој.
Придобивката од посетата на овие работилници е зајакнување на комуникациските способности и самодовербата кај учесниците на работилниците при говорењето англиски јазик.
Сите жители на Велес, кои се мотивирани да учествуваат во заедничко учење, преку директна комуникација на англиски јазик, може да се пријават секој ден во просториите на библиотеката.