Под мотото ,,Силно светнал ден” здружението ,,Акцијаши- Ветерани” од Велес денес беше домаќин на големиот Собир на поранешни акцијаши-ветерани и младинци од повеќе македонски градови но и голем број на бригадири кои допатуваа од Србија, БиХ, Хрватска и Словенија.
Поводот за овој собир беше одбележувањето на 60 годишнината од формирањето на Младинската работна бригада која го носи името на великанот Коста Солев Рацин.
,,Волонтерството е социолошки феномен.Треба да ја упатиме пораката, особено до младите да го негуваат како знак за висока општествена одговорност”, истакна градоначалникот Коцевски во своето обраќање.
Велес во минатото бил еден од најдобро организираните градови во поранешна СФРЈ, каде речиси секоја поголема работна организација од градот имала свои младински бригади кои заминувале на доброволна работа за изградба на поголеми инфраструктурни проекти во поранешната држава.
Општина Велес даде поддршка на организацијата на овој настан.