Во организација на Асоцијацијата „Алзас-Македонија -АЛМА“ предводена од Жак Шлеф , на 24 јуни годинава, во хотелот „Романтик“ свечено беше одбележан меѓународниот ден на Алзас. На свеченоста велешани директно се вклучија во онлајн програмата во Стразбур и се поврзаа со Франција, Канада и други земји во кои живеат и работат пријателите од Алзас.
На свеченоста градоначалникот Аце Коцевски ги поздрави сите Алзашани во светот и во името на велешанки и велешани им го честиташе Меѓународниот ден на Алзас. Во рамките на програмата богатиот македонски фолкор го претстави КУД „Коле Неделковски“, а присутните имаа можност за дегустација на пенливите вина од Алзас и вината на винариите „Шато Сопот“ и „Тристо“.
На свеченоста покрај членовите на АЛМА присуствуваа и членовите на делегацијата на француската хуманитарна организација „Надеж од истокот“. Претставници од институции и организации во Велес, членови на Ротари клуб -Велес, професори по француски јазик како и француски државјани кои живеат во Велес имаа можност да се дружат и да разменат мислења и идеи за идни активности и проекти во духот на пријателството и успешната соработка која трае веќе 15 години.