Реномираниот ликовен уметник од Велес, Филип Коруновски со дел од својот творечки опус преку самостојна изложба деновиве се претставува во Берлин, Германија.

Вљубениците во уметноста можат да ги видат неговите уметнички дела во Prima Center Berlin, а изложбата е организирана во рамките на Kolinie wedding.
За изложбата насловена „Не знаејќи”, пред присутните говореше Деан Дамјановски кој посочи дека авторот „нè воведува во својот свет на драматични ликови кои делуваат како да излегле од филмското платно”.

Значајните успеси на вистинските амбасадори на велешката култура и уметничко богатство Општина Велес ги поддржува, а и понатаму ќе се заложува истите да бидат признаени и достоинствено презентирани пред пошироката јавност.

Изложбата е поддржана од страна на Министерството за култура и Општина Велес, а ќе биде отворена до 12 декември 2019 година.