Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ја информираше јавноста дека според најавите од претставниците на Здружението за култутра и уметност „Факултет за работи што не се учат” и според динамиката на сликање, во текот на утрешниот ден (сабота, 11 јули 2020 година), ќе биде завршено поставувањето на муралот на бетонскиот ѕид на кружниот тек под Спомен-костурницата.
„Муралот е насловен ‘Солидарност, мобилност, иднина’ и ја претставува солидарноста на граѓаните и иднината на градот, а тоа е дигитализацијата и одржливата урбана мобилност на градот. Финансиски, изработката на муралот е во целост на Здружението за култура и уметност, а Општина Велес е само добар домаќин и обезбеди сместување и еден оброк за уметниците” истакна Коцевски.
Со ова ново уметничко дело, Велес го потврдува епитетот на неформална престолнина на муралите во земјата.