Почитувани,
Oпштина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе во понеделник, 29 јуни 2020 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, активноста се одложува за наредниот ден, 30 јуни 2020 (вторник).
Границите на површините кои ќе бидат опфатени се следните: езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар од север од село Башино село низ Велес, сè до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук” и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар езеро „Младост” со непосредната околина.
Вкупно ќе биде опфатена површина од 2.000 хектари.
Општина Велес ги известува пчеларите во времето на третирање и три до четири часови потоа, да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.
На почетокот од овој месец, Општина Велес го реализираше првото, а во текот на 2020 година предвидено е уште едно, трето авионско третирање против комарци.