Новата учебна 2020/2021 година во општинските основни и средни училишта ја започнаа вкупно 3876 ученици, од кои 485 првачиња.
Во име на Советот на Општина Велес, на сите жители на Општина Велес и во свое лично име, градоначалникот Коцевски упати честитки за првиот училишен ден на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна година.
Во изминатиот период градоначалникот Коцевски и директорите на образовните институции одржаа повеќе средби на кои ги утврдија начините за работа. Сите училишта ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.
Со физичко присуство ќе започне ќе започне наставата за учениците од прво до деветто одделение во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан”, село Иванковци. Настава со физичко присуство ќе имаат и учениците од прво до петто одделение во сите подрачни училишта. Со физичко присуство, настава ќе започнат и учениците од прво до трето одделение во сите основни училишта во градот, додека настава на далечина ќе имаат сите ученици од четврто до деветто одделение во основните општински училишта во Велес, како и сите средни општински училишта на територија на Општина Велес.