И покрај зимскиот период во кој вообичаено градежните работи запираат, Општина Велес во моментов реализира десетина значајни градежни зафати во градот и населените места.
Како што денеска соопшти градоначалникот Аце Коцевски се работи на реконструкција на водоводни линии на улиците „8Март“ и „Богдан Каракостев“. Овие проекти се дел од вкупно 8 инфраструктури зафати финансирани од Европската инвестициона банка и Министерството за транспорт и врски.
Во моментов се финализираат градежните работи за реализација на сообраќајното решение кај ДОЗ, се врши тампонирање на банкини на улицата „Шефки Муратов“ во Превалец. „Изгрев Инженеринг“ работи на патот во село Сливник каде во моментов се изведуваат канали и банкини.Се работи на трасата на велосипедската патека и пешачката патека со паркинг кои се дел од проектот „СМАРТ езеро Младост“.
„Гео инк“ работи на проект за санација на карпа на улицата „Димко Најдов“ под градскиот саат. Тековно се вршат работи за сервисирање на урбана опрема, поставување на огради и ракохвати на Територија на Општина Велес.
Како што денеска информираше Коцевски, со финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт се очекува овие денови да започнат градежните работи на градскиот фудбалски стадион. Обезбедени се средства во висина од 16 милиони денари.
Штом ќе дозволат временските услови и Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги воведе во работа изведувачите за санација на свлечиштето кај Долни дуќани. Проектот вклучува санација на свлечиштето, оштетениот дел од коловозната лента и изградба на потпорен ѕид помеѓу пругата и регионалниот пат.