Највредните и најуспешните ученици од општинските основни училишта „Рајко Жинзифов“ и „Блаже Конески“ како и децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“, кои минатата година учествуваа во акцијата „Прогласување на најдобар собирен центар за отпад во училиште и објект во градинка“, денеска ги добија своите награди.
Општинското основно Училиште како прворангирано доби печатач со скенер, додека второ и треторангираните ООУ „Блаже Конески“ и Градинката „Димче Мирчев“ добија само печатачи.
Признанијата на трите најдобри собирни центри за отпад им беа доделени на свечената манифестација што Општина Велес ја организираше по повод Нова Година.
Инаку, наградите ги обезбеди колективниот постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје, со кој Општина Велес успешно соработува.