Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција ја извести јавноста за реализирањето на дел од градежните работи во општината:
- Во тек е бетонрање на улицата „Богдан Прличков”. Вредноста на инвестицијата е 2.486.260 со вклучен ДДВ;
- Започнати се градежни работи во новата кино сала „Бели Мугри”;
- Се врши отстранување на објектот на поранешниот АТД Диспанзер, како и на времените објекти на локацијата наменета за времено паркирање;
- Изработен е потпорен ѕид кај колективно домување „Хабитат” и започнуваат подготвоките за бетонирање на спој со постоечката бетонска улица;
- Започнати се градежни работи за подготвока на асфалтирање на улица „Првомајска”, по што истите ќе продолжат на улица „Мицко Козар”;
- Завршено е бетонирањето на улицата „Маца Овчарова” во должина од околу 76 метри и просечна ширина 3,5 метри во вредност од околу 500.000,00 денари;
- Извршена е санација на оштетен дел од улицата „Благој Ќирков” на спојот со улица „Прохор Пчински”;
- Извршена е санација на на дел од улица „Киро Рогужаров”;
- Извршена е санација на дел од улица „Славе Петков” на спојот со улица „Игманска”;
- Извршена е санација на дел од улица „Орце Мартинов”;
- Во тек се градежни активности на пешачката патека со поплочување со павер елементи, која е дел од проектот „Пејзажна архитектура за крајбрежен појас“, кои се дел од проектот „Паметно езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија”;
- Во тек се градежни активност на поголемиот дел од подпроектите кои се составен дел на Проектот „Еко камп”, кој е исто така составен дел на „Паметно езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија” и тоа оградување на Еко кампот, изработка на влезни тотеми, изработка на „замок”, изработка на сервисен блок во еко кампот, изработка на пешачки патеки во еко кампот и други;
- Во тек се градежни работи на проектот „Водоснабдување на населени места Раштани и Бузалково од водоснабдителниот систем на град Велес”;
- При крај се градежните работи за санирање на свлечиштето „Цуцка”.