Семејството Димитриевски денес го посети градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој на Ристе и Владе, лица со церебрална парализа им подари новогодишни пакетчиња и поклони, при што им ги честиташе новогодишните и божиќни празници.
Кон посетата се приклучија и членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, кои заедно со веселиот Дедо Мраз им подарија пригодни подароци и им го разубавија овој празничен период како на Ристе и Владе, така и на нивната мајка, Лиле Димитриевска.