По три дена во Новата Година се роди првото бебе во Велес. На 3 Јануари 2021 година (недела) во 21.30 часот, дваесет и три годишната Симона Панова од Велес на свет донесе здраво женско дете. Бебето е тешко 2980 грама, долго 50 сантиметри.
Ова е прва рожба на родилката која се породила во домашни услови, но веднаш потоа со возило на Итна помош се префрлени на Одделението за Гинекологија и Акушерство во Општа болница Велес, каде се под надзор на лекарскиот тим.
Градоначалникот Коцевски им посака добро здравје и многу среќа на мајката и на првото родено бебе во Велес.