Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам големиот празник Илинден, Денот на Републиката.

На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, се потсетуваме и ги чествуваме илинденските генерации на славни и неславни јунаци, како и нивните големи подвизи и стремежи за слобода и сопствена држава.

Посакувам, на овој голем ден заеднички и сплотено да ги надминуваме сите наши превизвици, со цел поголеми демократски придобивки, за праведно општество, за економски постабилна и попросперитетна европска иднина за сите нас.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски