Почитувани,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам големиот национален празник 2 август, Денот на Републиката и Илинден.
Овој значаен историски датум не потсетува на борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и независна држава.
Годинава кога се навршуваат 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, да не забораваме на жртвата на борците за слободна, независна и суверена македонска држава.
Како нивни следбеници го живееме времето на третиот Илинден кој што не обврзува на почит на делата и вредностите без разлика на националноста, верата и политичката определба. За многу години Илинден, вечна и вековита Македонија.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски