Малиот пазар во „Нова населба” останува затворен, а Градскиот пазар ќе работи секој ден, од 06:00 до 13:00 часот. Вака одлучи Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес на Седницата, одржана на 23 март 2020 година.
Во заклучоците се вели дека продажбата ќе биде ограничена исклучиво само на земјоделски производи (овошје, зеленчук и други прехрамбени производи), кои ќе бидат изложени на секоја втора тезга во редот.
Паркинг просторот надвор од пазарот ќе биде ограден и нема да се дозволува продажба на производи на тој простор, додека пак влегувањето и излегувањето на посетителите во пазарот ќе биде регулирано со два влезови.
Двајца редари ќе се грижат за редот и ќе внимаваат на препорачаното физичико растојание на купувачите при влегувањето во пазарот. Продавачите се задолжени да носат заштитна опрема (маски и ракавици), а на влезовите ќе бидат поставени средства за дезинфицирање и маски наменети за купувачите.
Времетраењето на задржување на купувачот во пазарот го определува ЈКП „Дервен” преку јасно истакнато и видливо известување до граѓаните.
Општина Велес апелира до граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита и ширење на Covid19 (коронавирусот).