Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” денес извршија повторно миење и целосно дезинфицирање на просторот на Градскиот пазар во Велес.
Мерките и активностите произлезени од заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а со цел превенција и заштита на населението од ширење на коронавирусот континуирано се применуваат во општината.
Општина Велес апелира до јавноста да се почитуваат мерките за превенција и заштита.
Јавното здравје е заедничка одговорност.