Денес, во претпладневните часови, непосредно пред изборниот ден за одржување на предвремените парламентарни избори 2020, од страна на службите на ЈКП „Дервен“ и ТППЕ – Велес, беше извршена дезинфекција на претпросторите и отворените површини пред избирачките места. Создавањето безбедни услови за јавното здравје преку дезинфекција пред гласачките места во Општина Велес продолжува и во текот на попладневните часови.
Сите граѓани што ќе ја исполнат својата граѓанска должност и ќе го искористат уставно гарантираното право на гласање, во текот на утрешниот ден да ги почитуваат мерките за заштита водејќи грижа за своето и јавното здравје.