Како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Covid – 19 (коронавирус), Општина Велес ја известува јавноста дека ги затвора сите детски игралишта, оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните.
Општина Велес апелира до сите граѓани да не се собираат и да не ги користат овие рекреативни зони.
Согласно Одлуката од дваесет и третата седница на Владата, целосно се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се интензивираат и контролите на Министерството за внатрешни работи и Армијата на РСМ.
Општина Велес повикува на целосно почитување на препораките за заштита од коронавирус.