На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста за донесените заклучоци од дваесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување што се одржа денес.
ЈКП Дервен еднаш неделно врши темелно перење и дезинфицирање на Градскиот пазар, а денес по направениот увид на Комисија формирана од кризниот штаб е донесена одлука за отворање на малиот пазар во Нова населба, кој ќе биде пуштен следниот петок (17 јули) и ќе работи само во пазарните денови, односно во вторник, петок и недела.
Сè уште донесена одлука за употреба на рефлекторите на ракометните и игралиштата за мал фудбал и сè уште не се дава согласност за поставување на забавниот парк (рингишпил), како и за користење на вовчето и на автомобилчињата во Младинскиот парк.
Земањето на брисови на можни заболени од Ковид-19 од четврток, 16 јули 2020 година, со почеток во 10:00 часот, повторно ќе се одвива во просторијата на поранешната зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”.