Денес Општина Велес организираше голема граѓанска акција за пошумување на опожарениот појас околу езерото „Младост”.
Активно учество на акцијата земаа вработените во Општина Велес, јавните претпријатија, како и од многу здруженија на граѓани и правни субјекти кои покажаа интерес за учество во пошумувањето и засадија вкупно 13 700 садници од багрем, чемпрес, јасен и јавор, на површина од 10 хектари.
Средства за 2 700 садници беа обезбедени од донатори, а Општина Велес обезбеди средства за набавка на 11 000 садници.
За учесниците на акцијата, Општина Велес обезбеди организиран автобуски превоз.
Општина Велес изразува благодарност до сите учесници кои беа дел од денешната акција и апелира до сите добронамерни жители на Општина Велес активно да се вклучат и во следните акции за пошумување кои ќе бидат спроведени во периодот кој доаѓа.