Шеесет и две садници, донација од „Пакомак“ се засадија денеска на Езеро Младост. Со ова „Пакомак“ и „Шпаркасе банка“ја наградија Општина Велес за освоеното трето место на конкурсот за „НајЕко општина“ за 2019 година. Дрвцата се засадија во границите на еко кампот ,,Авантури“ од страна на ЈКП Дервен.
Освен садници, Општина Велес доби и инфо табла која е поставена во паркот пред зградата на Општина Велес.
Првото и второто место на конкурсот им припадна на општините Берово и Кавадарци.
Сите три општини покажале најдобри резултати во реализирани еко проекти во тековната година, одвоениот буџет за екологија по жител и зеленило, како и менаџирањето со вкупниот генериран отпад на ниво на општина.