Почитувани,

Ве известуваме дека од денес, 12 март 2020 година (четврток), Граѓанскиот сервис центар, при Општина Велес, времено ќе биде затворен, во времетраење од 14 денови.

Сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Граѓанскиот сервис центар, во гореспоменатиот временски период, може да остварат контакт со Општина Велес по електронски пат:

  • На официјалната интернет страница на Општина Велес www.veles.gov.mk, достапни се сите услуги;
  • Контактите со административните служби на Општина Велес се достапни на: www.veles.gov.mk/kontakt/ и 

www.veles.gov.mk/kontakti-na-vraboteni/,а за директен контакт можете да ја користите и официјалната електронска пошта opve@veles.gov.mk.

Доколку барањата (поднесоци, акти, списи, договори, решенија и сл. од нотари, адвокати и други институции) се неодложни, истите може да се достават во архивата во Општина Велес (главен влез).

Адреса: Општина Велес, улица „Панко Брашнар” бр 1, 1400 Велес

Телефон (централа): 043 232 406

Со почит,

Општина Велес