Почитувани,

Се известуваат сите управители и заедници на сопственици на станбените згради:

–       Да се вклучат во спроведувањето на дезинфекција на заедничките простории во станбените заедници на територијата на Општина Велес;

–       Дезинфекцијата да се изврши координирано  од страна на управителите или претседателот на заедницата на сопственици на станбената зграда и Центарот за јавно здравје – Велес;

–       Доколку се појават проблеми во врска со снабдување на средства за дезинфекција, можете да побарате помош од Општина Велес која ќе ве упати и укаже на кој начин правилно да ја извршите дезинфекцијата од ваша страна, односно со помош на станари коишто живеат во станбените згради;

–       Гореневеденото е во согласност со дадените мерки и препораки на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а во врска со заштита од ширење на COVID-19 (корона вирус);

–       Сите граѓани коишто живеат во колективни станбени згради да СЕ ВКЛУЧАТ и придонесат кон заштита и спречување на ширење на COVID-19 (корона вирус) со редовно дезинфицирање на нивните заеднички простори, пред сè за добро здравје за сите.

НАСОКИ:

–       Дезинфекцијата се врши со препарат на база на хлор кој е регистриран и одобрен од Министерство за здравство на Република Северна Македонија за употреба. 

–       За дезинфекција на станбен објект-зграда, се дезинфицираат, заедничките  простории и тоа:подрум, ходник, скалило комплет (со ѕидови во висина до 2м).

Со почит, 

Општина Велес