Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП 1877 КО Оризари-вон град, Општина Велес.
Податоци и информации:
1. Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2. Назив на планскиот документ: Локална урбанистичка планска документација за Г2-лесна и незагадувачка индустрија на дел од КП 1877 КО Оризари-вон град, Општина Велес.
3. Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за издавање на услови за планирање на просторот за изработка на Локална урбанистичка планска документација на дел од КП 1877 КО Оризари-вон град со површина на планскиот опфат од 0,63 ha. Планскиот опфат зафаќа земјоделско земјиште и се наоѓа на релативно рамен терен, поволен за градба. Реализацијата на Локалната урбанистичко-планска документација ќе биде во функција на развој на економските активности во локалната економија. Реализацијата на Локалната урбанистичко-планска документација ќе предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно окружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот и се разбира економски ефекти манифестирани преку привлекување на нова работна сила и вработување, доколку е базирано врз принципите на одржлив развој и почитување на нормативите и стандардите за заштита на животната средина.
4. Назив и број на документ: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП1-15-626/2020 од 18.05.2020. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
5. Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
6. Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е опфатен со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот согласно Просторниот план на Република Македонија.
7. Засегната јавност:
Месна заедница Горно Оризари
8. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за Г2 лесна индустрија на дел од КП 1877, КО Оризари-вон град, Општина Велес е достапна на www.veles.gov.mk.
Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.
Јавната расправа ќе се одржи на 10.09.2020г.(четврток) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12 часот.
9. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Влијанијата врз животната средина се очекуваат во фаза на спроведување на планот при градба и во фаза на работење на објектот кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина – студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина.
Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.
Новото планско решение ќе има позитивен, долготраен ефект заради зголемување инвестициите во општината и отворање на нови работни места, а со тоа воспоставување на одржлив економски развој.