ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за изработка на ДУП за дел од УЕ 3, УБ 24 и дел од УЕ 10 УБ 52 КО Велес Општина Велес

Податоци и информации:

  1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

  • Назив на планскиот документ: Детален Урбанистички План за дел од УЕ 3, УБ 24 и дел од УЕ 10 УБ 52 КО Велес Општина Велес.

Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за издавање на услови  за планирање на просторот за изработка на Детален Урбанистички План со површина од 17,4 хектари, а во предметниот ДУП е опфатена и ГП 1.26 со површина од 842м2 на која е предвидена бензиска пумпна станица. Основна намена на просторот опфатен со ДУП е Д-зеленило и рекреација односно 57% од површината на планскиот опфат. Речното корито на река Вардар опфаќа 9%, железничката пруга со заштитен зелен појас опфаќа 11%, а останатата површина припаѓа на намена А-домување, Б-комерцијални и деловни намени, Е1 –комунална инфраструктура и Е2-комунална супраструктура.

Планскиот опфат преставува делумно изградено земјиште со изведена водоводна и канализациона мрежа. Во планскиот опфат постоечките објекти се снабдуваат со електрична енергија од постоечките трафостанци.

Со донесување на ДУП ќе се обезбеди повисока организиација на просторот и со негово имплементирање не се очекуваат влијанија врз животната средина. Во делот предвиден за бензиска станица се предвидени контролирани емисии во медиумите во животната средина, а ќе придонесе за стопански развој на општината.

  • Назив и број на документ:Известување за спроведување на стратегиска оценасо бр. УП1-15-1769/2019 од 19.12.2019г. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  • Засегнати органи:Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
  • Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Изработката на измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 3, дел од УБ 24 и дел од УЕ

10, дел од УБ 52 во Велес се базира врз Генералниот урбанистички план на Велес, ГУП Велес, а се одвива врз основа на програмските елементи дадени во ГУП, околни (соседни) ДУП-ови, Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот.  

  • Засегната јавност:

Граѓани на Општина Велес.

  • Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален Урбанистички План за дел од УЕ 3, УБ 24 и дел од УЕ 10 УБ 52 КО Велес Општина Велес е достапна наwww.veles.gov.mk.

Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.

Јавната расправа ќе се одржи на 11.02.2020г.(вторник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12 часот.

  • Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Влијанијата врз животната средина се очекуваат на ГП 1.16 во фаза на работење на објект бензиска пумпна станица кои ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина – студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина. Како можни влијанија врз животната средина се од несоодветно управување со отпадот и суровините-гориво врз почвата а преку неа и врз подземните води. Од друга страна бензиската пумпна станица ќе придонесе кон развој на индустрија од причини што транпортот е битен фактор за развој на производните дејности во смисла на обезбедување на повисока организација и интеграција на индустриските зони и комплекси, а бензиската станица како функција директно влијае врз квалитетот на транспортот и преку услугите кои му ги обезбедува.

Реализацијата на планскиот опфат ќе придонесе кон инфраструктурната опременост и уреденост на просторот, а спортско рекреативниот центар претставен  со спортска сала, отворени базени и отворени спортски терени кој е дел од планскиот опфат,  претставуваат спортско рекреативна зона за задоволување на потребите за спорт и рекреација на граѓаните на Велес. Исто така оформувањето на зелените површини долж реките е погодно за вкупното влијание  врз режимот и квалитетот на водите.

Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.

                                                                                                           Општина Велес

                                                                                                     Одделение за заштита

                                                                                                      на животната средина

                                                                                                            Раководител,
 Билјана Шуркова-Манаскова


Известување
СОЖЗ Нацрт извештај
Плански документ
Формулар