ИЗВЕСТУВАЊЕ
за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2.1-лесна градежна индустрија-база за производство на асфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес.
Податоци и информации:
- Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
Назив на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план
за изградба на објект со намена Г2.1-лесна градежна индустрија-база за
производство на асфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес.
Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за
донесување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на
објект со намена Г2.1-лесна градежна индустрија-база за производство на асфалт на
КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес.
Предметната локација зафаќа површина од 1,6 ха. Предметниот плански опфат ги
зафаќа катастарските парцели:
- КП 10455, КО Велес, Општина Велес, а на северната страна се граничи со КП 3436/2, КО Велес, Општина Велес- постоен пат, на источна страна се граничи со КП 2478, КО Велес, Општина Велес, на западната се граничи со КП 2475/3, КО Велес, Општина Велес, додека на јужна страна се граничи со КП 3414/5, КО Велес, Општина Велес, која е река.
Предмет на изработка ќе биде оформување на нова градежна парцела согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површината за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти до оформена градежна парцела.
- Назив и број на документ: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП1-15-1509/2021 од 14.10.2021г. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
- Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
- Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Планскиот опфат не е третиран со друга урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот кои произлегуваат од Просторниот план на Република Македонија со тех.бр. Y14921 од октомври 2021г.
- Засегната јавност:
-Општина Велес.
- Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена Г2.1-лесна градежна индустрија-база за производство на асфалт на КП 10455, КО Велес и пристапен пат, Општина Велес ќе бидат достапни на www.veles.gov.mk, и во просториите на Општина Велес секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.
Јавната расправа ќе се одржи на 18.04.2022г (понеделник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12 часот.
- Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Влијанијата врз животната средина во фаза на изградба на објекти ќе бидат со мал до среден интензитет и со кратко времетраење само за време на изградба на објектот, а заради природата на активностите кои ќе се одвиваат на локацијата (производство) ќе се изготви оцена на влијание врз животната средина каде ќе се опфатат сите влијанија и ќе бидат предложени мерки за нивно намалување или ублажување
Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите. Реализацијата ќе придонесе кон инфраструктурната опременост и уреденост на просторот, како и економски ефекти манифестирани преку привлекување на нова работна сила.