Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека од денес, 6 јули 2020 година, на бетонскиот ѕид на влезот во Велес, на кружниот тек под Спомен-костурницата започнаа со работа четири млади уметници кои на површина од 86 метри должина и 2,5 метри висина создаваат уметничко дело – мурал.

Со цел непречено одвивање на работите, како и за безбедно одвивање на сообраќајот, Општина Велес упатува апел до учесниците во сообраќајот за разбирање, внимателно управување со моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.

Во зависност од временските услови, работите на муралот е предвидено да завршат до 10 јули годинава.

Со почит,

Општина Велес