Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека во понеделник, 6 јули 2020 година започнуваат градежни работи за реконструкција на оштетениот дел од улицата „Св. Кирил и Методиј” кој беше оштетен од минатонеделните поројни дождови.

Градежните работи ќе се изведуваат во должина од околу 50 метри, а ќе се реконструира целата ширина на улицата, започнувајќи од куќен број 60, до спојот со улицата „Славе Петков” (односно на почетокот на проширувањето на платото пред црквата „Свети Пантелејмон”).

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од седум денови.

Со цел непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање, внимателно управување со моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица. Исто така Општина Велес упатива апел до граѓаните да не ги паркираат возилата на платото пред црквата, како и на овој дел од делницата на улицата

За времетраење на изведувањето на работите, сообраќајот до црквата „Свети Пантелејмон” ќе се одвива по улицата „Славе Петков”, додека пак по улицата „Св. Кирил и Методиј” сообраќајот ќе се одвива непречено до раскрсницата кај месноста „Мегдан”.

Со почит,

Општина Велес