Почитувани,

Општина Велес  ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, 9 јуни 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни работи со цел реконструкција на водоводната линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”.

Градежните работи ќе се одвиваат согласно временските услови и предвидено е да завршат до крајот на месец јуни 2020 година.

Со цел непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање и поради тоа апелира за внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.

Со почит,

Општина Велес