Ве известуваме дека по објава на Конкурс за избор идејно решение број 001/2019, за „Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес“, објавен на ВЕБ страната на Бирото за јавни набавки со Одлука број 05-364/3 од 22.11.2019 година и Јавните гласила „Вечер“ и „Нова Макдонија“ на ден 23-24 Ноември (сабота и недела), 2019 год., комплетно разгледување и рангирање на поднесените трудови НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР, бидејќи ниту еден од доставените трудови не го задоволуваат потребниот квалитет и барањата од конкурсната проектна програма во целост, согласно точка 6.6 од конкурсот.
Доставените Идејните решенија под шифра „14М27“ и „ВИА3“ ќе можат да се подигнат согласно точка 3.8 од конкурсните услови: Конкурсните трудови кои нема да бидат наградени ќе можат да се подигнат во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на резултатите на веб страната на Општина Велес (www.veles.gov.mk). После овој рок Договорниот орган нема обрска да ги чува и да се грижи за конкурсните материјали.