Почитувани,
Општина Велес ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, петок, 24 септември 2020 година ќе започне со реконструирање на дел од улицата „Крсте Мисирков”, на потегот од крстосницата со улица „Панко Брашнаров” до крстосницата со улица „Борис Трајковски”.
Поради големиот обем на работа и вклученоста на различен вид градежна механизација, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај .
Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, се известуваат граѓаните кои имаат паркирани возила на овој простор истите да ги отстранат.
Во зависност од временските услови, предвидено е градежните работи да се изведуваат во траење од околу три (3) седмици.
Со градежните работи ќе биде изваден постоечкиот асфалт, постоечките рабници, ќе се изврши ископ на стара тампонска подлога, валирање, тампонирање со нови слоеви, поставување на нови рабници и асфалтирање на коловозот.
По завршување на градежните работи на коловозот, ќе започне изведување на градежните работи за уредување на тротоарите.
Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Со почит,
Општина Велес