Од денес, 10 февруари 2022 година, се започнати градежни активности на дел од улица „Браќа Поп Јорданови“ – спој на улица „Архиепископ Михаил“ со улица „Љубен Весов“.

 

Градежните активности се дел од реализација на проектот „Градежни зафати за воведување на еднонасочно одвивање на сообраќај на спој на улица „Архиепископ Михаил“ со улица „Љубен Весов“. Изведувач на работите е „Изгрев инженеринг“ од Велес.

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација на лице место каде што ќе се изведуваат работите со градежна механизација. Истовремено да покажат разбирање и трпение во периодот на изведување на градежните работи.

 

Времетраењето на изведувањето на градежните работи е предвидено да биде околу 20 денови.