Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од недела, 17.04.2022 година од 07:00 часот Македонски железници ќе започне со реконструкција и модернизција на коловозот со елементи од рециклирана гума на патниот премин на улица Никола Оровчанец спој со Ѓоре Органџиев, односно патен премин кон месноста „Дворови“.
Градежните работи би требало да бидат завршени на 22.04.2022 година. Поради изведување на градежните зафати ќе има времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот на овој патен правец.
За целото времетраење на изведувањето на работите улицата „Никола Оровчанец“ од кај кружниот тек во центар, во целост ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, согласно проект за времен режим на сообраќај. Сообраќајот ќе биде пренасочен преку соседните улици.
Апелираме за внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација.
Воедно се замолуваат граѓаните да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно завршување на работите.